мјаукне св.

мјаукне (св.)

Што стана потоа? Фигаро мјаукна и се пикна под креветот, а осата остана неподвижна на своето место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе мјаукне некоја мачка и јас ќе речам: Еве ја Ирина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, на секое мјаукнување, ќе се закикотиме со Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе мјаукне друга: Настапува Клавдија!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти тогаш му ги тегнеше мустаките, се разбира не на татко ти туку на мачорот, а тој ќе мјаукнеше и ќе избегаше дури на багремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа само гласно мјаукна кога се удри од аголот на ниското шкафче и преврти една столна ламба, која падна со тресок и се искрши.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)