мајстор (м.)

Ако се најдеш со него добро ќе биде и за тебе. Тој е појден порано и нешто повеќе има научено. А, е седан и во Влашко, со мајстори, доста години.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Така, Фросо, така! Лошото по душмани, а арното кај нас! Мајстори сте вие жените!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во Белград се најдов со еден од селава наши, работеше со мајстори, и тој ми рече: „Ако носиш нешто од пари дај си ги овде в банка“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сами ковавме кондури правевме бочви, мотики, с нашите раце мајсторски дигнавме бели градови.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сал не скоривај јадови! на стари, добри мајстори!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Мајстор бев и устабаша мајстор бев - станав чираче: за борч продадов дуќанот за борч продадов алатот - с две раци сум, и тија две скапаја сѐ без работа! 7.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Немаше смелост да му излезе пред очи на мајсторот а камоли да се врати во домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сега знаев дека Пенчо се трудел да личи во одењето на својот мајстор во апашкиот занает.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А ти си ајдук. Крадеш од мајсторот слатки и ги продаваш за цигари, избувнав ненадејно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А и тој настрада. Мајсторот го истера.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Знам оти невестата Доста е мајстор за готвење, та ако ѝ требат ете, и тоа купи, — рече Стојо, правдајќи се за лимуните и портокалите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко се врати од село каде што беше отишол да го однесе паличникот да чека ред кај мајсторот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На кинисување Нешка се засрами да си ја земе китката, ама Тода, како мајстор од занаетот, ѝ намигна со око и ѝ ја покажа, а таа тоа чекаше, ја грабна и ја завитка во ракавот, велејќи и фалејќи ѝ се на Тода со главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А на Германецот не може да му се најде мајстор, да му подвикне малку?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајстор божји, света рака имаше. Ја шета куќата со кадилница и шепоти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А умот пак, гледаш крева прст, мудро ти вели, ти советува како татко: Не брзај мајсторе, не брзај!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На веселана девојка со очи натопени во грев, на безгрижната група спортисти со торби преку рамо, на мајсторон на врв електричен столб, не може никој да им закачи бројка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во главата на стариот мајстор му зататнија зборовите што му ги рече вечерва сопственикот на куќата во Маџир-маало и го удрија, го спепелија бесповратно, му ја зедоа силата, тој убаво почувствува - бесповратно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Велиш мајсторите, мајсторите се виновни - тие не ми даваат да одам напред.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе