ликвидација ж.

ликвидација (ж.)

И ти повторувам: не сакам да имам ништо општо со ликвидацијата на овој Младич.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас така добро ги познавам сите твои реквизити со кои ја подготвуваш секоја ликвидација, што ги сеќавам уште пред година време.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сладењето на идејата, на крајот, води до физичка ликвидација на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во градот сите политички раководители, сите до кои беше стигната „тајната директива за трансформација на козарите (со милиони во сета земја) во работничка класа“, притеснети од гладот, но и од среќните решенија на козарите, се плашеа севезден да не стигне извршната директива, па да се бара конечна ликвидација на сите кози во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Новото поглавје требаше да се однесува на митот на балканското самоуништување, познат и како синдром на ликвидации од кој не беше ослободен ниту еден од балканските народи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На војничките кациги кирилична закана: Одреди за тивка ликвидација. Организери.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа беше ликвидација...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак, мојот оптимизам е недоволен за верба во исто толку брзата ликвидација на дефицитот од хартија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зборуваше потоа, како навиен, за незаобилколната улога на Партијата во ликвидацијата на домашните и странските непријатели, за нивната спрега.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И овде во Атеистичкиот музеј во Скадар ни се подготвуваше албанската идеолошка варијанта на музејско - театарската претстава на апсурдот – за борбата и ликвидацијата на Бога, со сите негови слуги на земјата и на небото!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дури и во неговата родна земја, во која не му се приклони на фашизмот, во периодот на сталинизмот, сакаа да му организираат заседа, односно стапица, откако го ликвидираа неговиот брат, поради англиската врска, да го судат и него поради антисталинизам, поради ревизионизам и што ли сѐ не беа спремни да измислат, во еуфоријата на големите ликвидации, во таа бесна синдромска фаза на саможртвување и на самоуништување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Јагнињата сами ги крадеме по околните бачила, кои се инаку под ликвидација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повторно ми го поставувате прашањето по новите читања на книгата: дали е вистинита раскажаната историја за ликвидацијата на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во однос на раскажувањето на масакрот врз козите, со споредбите на епизодите од романите на Рабле и на Волтер, вие ја споделувате мислата на Едгар Морен кој, на презентацијата на Козите во Сенатот, ќе истакне дека во книгата нема свирепи, омразени ликови, како во западните романи, но авторот ја следи основната идеја, козарите да се трансформираат во пролетери и според логиката на настаните ќе дојде до пасивен отпор на козарите, до нивната бела револуција и на крајот ќе следи нивната ликвидација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Малата јужна Република Македонија, која некогаш ригорозно го спроведе Законот за ликвидација на козите во времето на југословенскиот самоуправен социјализам, како нова независна земја се најде пред предизвиците на транзицијата во нова економска и политичка реалност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше отпочнат општ прогон, до физичка ликвидација, на секој национално свесен Македонец, без разлика на неговата политичка определба или верска припадност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но тие не го заборавија кога нему му беше мачно во животот, при неизвесната семејна судбина Кога мораше да го докажува својот сложен идентитет во повоените упростени времиња на црно-белиот режим кој почиваше врз брзи норми на поделба на пријатели и непријатели, на брзи и немотивирани интернации и ликвидации, тој најдобри сојузници имаше во книгите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Преживеа десетина атентати, смртоносни авантури, истребувачките борби во Либан, чести обиди за ликвидација, среќен пад од авион.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира, јас сметав дека и оваа приказна на мојот пријател Раде е измислена за да се оправда политичката ликвидација на двајцата видни партизани за кои многумина сметаа дека веројатно застраниле.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе