лелеав прид.
лелее несв.

лелеав (прид.)

Кога ќе се загледаше во нивните роеви, имаше впечаток како со нив, со тоа нивно густо виорење, што носи некоја блага и бесконечно лелеава вртоглавица, да се спушташе на земјата целото небо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чувствувам како да сум на свој закоп: стојам на мартовски ветар меѓу црни, лелеави чемпреси и невини, чиниш ни со рака недопрени споменици и со изморени очи се простувам со себеси в ковчег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
во долиштата до кои не стасала лакомоста на живите, го засилуваат листењето на оскорушите и дренките, и на оние сини цвеќиња над кои сеќавањето разбуцува топли спомени: но таму е проѕирен и лелеав Дмитар-Пејко со цут на жилата меѓу веѓите, стои во ѕвонеста кошула на младоженец и помлад е од некогашната своја младост, ќе се пресмета со чудовиштето што ни го претскажуваше патем:
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеше дека веќе не говорам за белиот коњ со лелеава грива.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се кинат птиците, летаат пердуви, ги нападнала орелска и штркелска пипка, врз коритници или врз лелеав шамок плиска крвав дожд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И додека кажете: „Вујче Ејнар има зелени крилја“, тој веќе едреше ниско над својот имот, влечејќи ги зад себе алиштата како виножито, како лелеава лента низ лепетните удари и замавнувањата на своите крилја. „Фаќај!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А тоа што не е Ах, тоа што не е Некаде самува И таговно Пее. кожата Црниот Кафез На моето Бело Пиле. кавал Блажена гранко Дрво, Низ кое се расточува Мојата Лелеава Душа: Кавал. од полен - болен Од полен Болен Од Билки Збран А Не- раз- бран. кој целееше во птицата Утринава Си го држам срцето в раце И Прашувам: Кој целееше во птицата Та мене ме погоди? се будам...
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Кога пред триесет години ја запозна, тој во неа ја препозна својата Шехеразада – нејзиниот глас, топол, мелодичен и лелеав, како свилен превез ги покриваше зборовите што му ги кажуваше, навидум обични, и им даваше и тежина и леснина, па тие де му ги притискаа градите де го подигаа една стапка од земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа ќе покушам емоционално да ги ставам на куп: „Читачката“, „Зимска ноќ“ и „Коњи на поило“, плус таписеријата на полугола риба со лелеава плетенка вешто сплетена од три клопчиња дебел мохер.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Таа како лелеава снегулка меко се спушти во простор опкружен со глиб и трње.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)