леди (ж.)

Оној занес на голем трагач по невозможното, за кого леди Алкафорада, владетелката на белото острово, ќе биде конечно најдениот raison d`etre.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што рекла таа леди Мери?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Знаете ли што пишувала Лејди Мери Монтагу, ќерка на војводата Едвард Монтагу, во почетокот на XVIII век амбасадор на Велика Британија во Стамбол? - го префрлив разговорот на друг терен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Лејди Мери Монтагу беше славна писателка, а кога постхумно се објавија нејзините писма, тие станаа класично дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да живее Лејди Гага беше новиот проект на Отворениот шупак.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)