кујна ж.

кујна (ж.)

„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа нешто готвеше во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Само големиот часовник на ѕидот од кујната рамнодушно го клатеше своето клатно лево-десно и чукаше: тика-така, тика-така...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тропна надворешната врата, се слушнаа чекори, со тресок се отвори вратата од кујната и, - ете ти го Мирко. - Мамо, лепче!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А кујните и ановите не пуштаа ни до портите да им се доближиш со празно ќесе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И биди спокоен. Ние сме изолирани за нејзиниот електрицитет.“ Зеленото момче престана да штука и да пушта од себе необични мириси на берберница и ефтина кујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: (Уште додека Фезлиев ги зборува последните реченици, излегува кон кујната и токму со последниот збор на Фезлиев се враќа со шише во раката. Го остава, со удир по масата, пред Фезлиев.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Ќе појадете ли овде или во кујната?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Излегуваат кон клозетот и ја оставаат вратата отворена. По малку, се враќа Фезлиев. Оди кон кујната.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дрварчињата се стрчаа кон училишната кујна, а учитилницата стана тивка и спокојна како шума во којашто и ветерот наумил да си почине...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Мајка им тукушто беше излегла од кујната, а Златко се фрли кон шарената мачка што дремеше спокојно врз перницата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Го бараат Зоки во кујната и во шпајзот – пак го нема.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зашто, додека го бараат во кујната, Зоки се наоѓа во спалната.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој лежи сам, мајка му е на работа, татко му е на работа, а баба му го готви ручекот во кујната.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Многу манџи се готват таму, има ресторани, кујни, и од секоја мириса на пржено, на варено, на печено...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Тогаш, - предложи мајка ѝ, ќе го оставиме отворен прозорецот и ќе чекаме извесно време во кујната.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Марија стои во кујната, со цвеќето во раце и се тресе.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во еден момент кога тетка Рајна беше сама во кујната £ кажав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
(Соба во манастирски конаци, провизорно поделена на два дела. Во левиот дел кујна, маса за јадење, две сламарици.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Збунето влегов во кујната со чантата во раце, а ги слушав ударите и на своето срце.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе