купува (несв.)

Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, а пак Силјан ќеф имаше пазарџибашија да биде; да беше кабил катаден да оди на Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и друзи слатки работи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Море ти реков, нека ми го донесе мене господ со здравје детето, та со тоа што се нашло ќе го женам. Пак санким не се купува!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Со парите и здравје ќе најдеш, ами младост, младост, таа не се купува!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Купувам старо, ревна ненадејно од ќошот Баждар нишајќи се во црното палто и со префрлена стара вреќа преку десното рамо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Тој адет, да се купуат жените, ич не ме бендисуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо Најдо години со ред секои шест месеци купувал по едно грне тутун, и тоа му било мера: испуши ли помалу – нешто не му е добро, испуши ли повеќе – ќе се поболи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секој ден купува по кило леб повеќе. Што се разјало ова дете толку?! Јаде за тројца. Но дали јаде?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Размислувајќи ја согледуваше вистината: можеше со грстови да расфрлува околу себе туѓи пари, да пие и да крши купувајќи и музика и лажно пријателство по крчмите и пак да остане со темно и врело чело - болен заради болеста на брата си и смешно несреќен без Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Купуваше и продаваше сѐ на кое можеше да спечали.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше април месец. Излезе да купува со жената.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И кога купуваше штоф за одело секогаш говореше, божем се шегува „за четири сезони“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Трговецот му пристапи поблиску и му одговори: - Јас сум трговец. Купувам свињи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Едно утро, во едно мало село, дојде трговец да купува свињи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Браќа, ние сами треба да купуваме оружје: пушки мартинки, берданки, малихерки и бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гласно и говорнички почнува: „Си била една трговска дружина која со својот брод постојано крстосувала по бескрајниот океан и одела од остров до остров за да купува бисери.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Тогаш не купувам автобус, - рече, - ќе си купам сладолед.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- И мене не ми се допаѓа, - реков, - но дворот нема да го купуваме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ѝ купуа локуми, шеќери и разни ѕрнѕурки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Море, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе