коњички прид.

коњички (прид.)

Во ќошот, близу до вратата, седеа тројца коњички наредници, тропаа со сабјите по масата и се расправаа нешто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Но, а ти, Бато, ќе бидеш ли офицер? Коњички капетан?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
После затрудне сестра му од некој коњички поднаредник а тој во богословијата ја остреше својата кама и се колнеше дека ќе го убие тој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Фантазија (наслов на една слика на Делакроа) - коњичка разонода на арапските коњаници кои галопирајќи изведувале различни движења, празнејќи си го оружјето и извикувајќи. (забелешка на преведувачот) Margina #21 [1995] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На 8 ноември 1912 со 300 четници и во содејство со бугарската коњичка група на мајорот Цончев влегол во Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бугарската окупација на Македонија била извршена со делови од 1-та коњичка дивизија и 6-та и 7-та пешадиска дивизија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)