коинциденција ж.

коинциденција (ж.)

Дали е коинциденција тоа што по една година Дишан ќе ги започне своите истражувања за едно дело чија централна тема е неуспешниот обид на додворувачот да ја добие раката на својата љубена?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Знаете, тоа беше семејна мелодрама, вонбрачно дете, и брат и судија - една од оние приказни кои се полни со коинциденции - братот случајно е адвокат, а сиротата девојка води љубов со рибарот, итн”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Не, не знам,“ реков. „Ова беше само коинциденција.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се расправавме за удавената жена, за тоа дали нејзината смрт била самоубиство или убиство, дали нејзиното појавување таа ноќ било предзнак или коинциденција, а ти тврдеше дека предзнакот всушност и претставува коинциденија која нешто значи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа речиси бесконечно „играње“ на состојбите на зборот фатени во лет одразува една од можните коинциденции што во поезијата на Ренџов се повторува од неодреченото, неодстореното, неодотвореното суштинско прашање за тоа: кои се конечните можности на „зборот“ како енигма во обликување на мислата кое и самото треба да му го овозможи величењето на зборот како суштина на мислата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Имено, нејзиното главно начело е дека не постои ниту едно одредувачко начело и дека во неа слободно можат да се вклучат и сите грешки и коинциденции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Чиста коинциденција; и не би можело да биде друго со оглед на тоа дека Соломон бил мудрец, а не фискултурец“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Иако знам дека ништо не е случајно бидејќи сѐ има зошто и како. Коинциденцијата е нешто предодредено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Рада не сакаше да верува во коинциденција, но предлогот на Ѓорѓе и нејзиното размислување идентично се преклопуваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чинам во чекор ме следат коинциденции, случајности и препознавања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да е случајност не е, не верувам во коинциденции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можноста за коинциденција, како во телефонскиот именик овој пат не постоеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Интересно, си реков, дали е тоа коинциденција или некој некаде замешал прсти!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)