интендант м.

интендант (м.)

Гледајќи го така заспан ќе добиеш волја да го сметаш за интендант во воена влада...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Во вагонот милосрдната сестра е сѐ: и лекар, и интендант и господ: дели по малку од водата, од лебот, од лековите; не остава да се моча по сламата, секому му подава кофа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бев среќна кога го најдов, тој беше интендант, собирал леб во селото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не чекаше потврда. Ја спушти слушалката и побара: - Побарај ми го главниот интендант! - рече отсечно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седни... и барај ми го главниот интендант, потоа командантот на магацините со оружје... Ајде, врти!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- На линија главниот интендант.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)