изострен прид.

изострен (прид.)

Оној народ, кој што така непосредно и со изострено чувство го воспевал својот живот, зулумите на турскиот поробуач, борбата и Гоце Делчев; љубовта и разделбата, - не можеше да ги остави во себе да вријат впечатоците од великите денои на народно-ослободителната војна.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Но секогаш неговиот изострен слух ги фаќаше одгласите од стапките на стражарот како длабок пулс во молчаливоста на овој убиствено осамен свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чекореше со една изострена готовност во секој свој долг и рамен чекор, сеќавајќи го сега наеднаш во сета негова полна стопленост и понесеност потсветнувањето на секое влакно во своите мускули.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После слушаше како и во таа ветрива ноќ почнуваат да се извишуваат до вишенебеси изострените писоци на волците по Белата Долина, и сега можеше да биде добро замислена сета изгубеност на гладните попусти завивања низ сета таа ветровитост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој миг всушност треба секогаш да биде во тебе, готов за целото време, да ги знаеш сите движења за него, изострен, постојан, но и скриен така за и самиот да не бидеш свесен за него. Затоа и се вика лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги следеше, сѐ додека со до крајни граници изострениот слух можеше да ги слуша нивните крикови што замреа во темната ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шарпланинец: јадар во телото, во главата, во нозете: широк, дебел врат, голема уста, постојано подзината, јадри, изострени заби меѓу кои црвенее издолжениот јазик.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
До овде читателот се наоѓа во присуство на едно речиси реалистичко четиво со изострена иронија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден дел од салата не поседуваше кодови и изострени сетила за сериозни, симфониски структури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На ибн Бајко му беше чудно петпати на ден да се паѓа на коленици, да се клањаш каде и да си, но срчноста на ќајата и неговата дозвола да го гледа, го правеа не само посветен, туку дури и со некаков изострен осет за работите што не ги разбира.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Длабоко, некаде во длапките се криеше изострен ум, а тој можеби сакаше да остане во тишина, како би можел подобро да создава.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И тоа што, како чистокрвен бел ангорски мачор, слухот не му беше совршен, така што понекогаш, кога ќе го викнеа, во зависност од ветрот, наместо да гледа во оној што вика, ја вртеше главата настрана, конечно неговиот изострен осет за мирис му помагаше за местоположбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чудно. - мислеше. - Имам толку изострен поглед и ги забележувам малите нешта, но не сум го забележала ова.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада со извонредно изострен и пребирачки поглед за миг ги фокусираше лицата во присутната публика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во доцните часови заѕвони телефонот. Изостреното претчувство ѝ кажуваше дека ваков абер толку доцна не доаѓа за арно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка, која бришејќи ја насобраната прав врз отворените книги во библиотеката и на чардакот, се чудеше на различните облици на лавиринти и со својата изострена интуиција, насетуваше дека сопругот бездруго замислува ново поместување на семејството, макар што тогаш границите на земјата беа херметички затворени, особено границата зад која остана нашиот поранешен живот, со нашата стара куќа, со роднините.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)