изживува несв.

изживува (несв.)

Поетично се изживуваш, животно, стануваше незадоволен од себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Павле се притесни. А жената како да се изживува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Егоистички си се изживувал, Леме, чисто буржоаски, не водејќи сметка за класната борба на пролетаријатот...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, Таа ја изживуваше својата стварност убедено.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Како да се изживува со нејзината помамена немоќ, тој ќе ја седнеше в скут, и шушкајќи ѝ во увото, се истураше во неа, безобѕирно туѓ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но треба да се подвлече дека и овде со нуждата за чисто духовно изживување во одреден вид, се поврзуваат и поинакви мотиви, многу пореални, - сонот за земна слава што обезбедува убав, весел и разноличен живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во нејзината беспомошност ја препознавав беспомошноста на моето детство и мојата младост, и секој мој непријателски збор или постапка кон тоа суштество кое бавно умираше немаше да биде одмазда, туку изживување врз себе, врз мојот спомен за девојчето, за девојката и за младата жена која бев некогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, изживувањето на газдите и нивниот тим менаџери не запира тука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)