збори несв.
збори св.

збори (несв.)

И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ти остана детенце, утеха една во жалост, бујно ко фиданка в гора, За подвигот татков со восхит ти, иако мало, сакаше јас да ти зборам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но одеднаш Неда истрчува горе ко елен, народот гневно го кори: - „Ој, орачи, мажи, не тажете вие! - им вели ! слушајте што ви се збори!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но незапирливите млади не разбраа тогај старецот зошто им зборел, бидејќи одмаздата пратена над нас од бога висела веќе од горе.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
ПЕТРИЈА: Ај море, куме што збориш! Ако не можеме да ти испржиме една гуска, та за џигери, црева и шкембиња ли било мастрав?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зошто, мори, колку пати си ме донесла пијан од свадба или од гости? Та само збориш за инат!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Збори за волкот — волкот на врата!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Откако се знам, а еве преку шеесет ги имам, само тоа се збори и до ден денешен никому ништо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нели Раткин глас ми дочу таа ми ти пуста гора, од жал, леле, лисја рони и на Ратка кротко збори: „Дејди, Радо, пиле младо, што ал, Радо, ми те најде, та сред тоа ноќно време тага виеш, с’лзи лееш?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Чувствувам волност Пиринска горо да викнам песна в просторот син ми блика радост да пеам и зборам за тебе, Јане, народен син!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
„Да била гора зборила, не би гу пасле овцете, не би гу секла секира.“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Република! Слобода! в колиби, села огнена пушка збори! Чивлигот гори!!!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Аха! Со мене сакаш да збориш. Може некоја поплака имаш на некого?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
13. КОЈ ШТО НЕ ЗНАЕ ДА МОЛЧИ, НЕ ЗНАЕ И ДА ЗБОРИ - затоа и зборливите молчат сѐ додека спијат, сѐ што слушнале преку ноќ, молчејќи до зори, преку ден го кажуваат, зошто и да го кријат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Добар ден, сестри, браќа! топол поздрав цветот праќа Со сонцето збори цветот, му се радува на светот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа сеа кога ги видоа во анот потковичаните и над сите нив извишен Лазора, и едните и другите, и дружината Хаџи Ташкува и Арнаутите, прв Хаџи Ташку, навалија на Лазора да се согласи да се збори со Иса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Збориш? Зборам. Со што? Го прашаа со здив кој гори, Тогаш некој тајно проговори: „Зар не гледате, устите му се затворени, Но душата отворена, со душата говори.“
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
И, дека огнот качен, само штогоде да зборам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе