додаден прид.
додаде св.

додаден (прид.)

СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Книгата на Томислав Османли „Светилка за Ханука“ претставува нова свеќа додадена во тој исклучителен свеќник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со измената и дополнувањето од 2002 година во поглед на правата на работниците, додадено е правото да учествуваат во планирањето и воведувањето на нови технологии во однос на последиците од избор на опремата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А, против одлуката за прекршок што ја донел Прекршочниот орган може да се поднесе тужба за поведување управен спор пред специјализираниот Управен суд на РМ (чл. 10, ЗИДЗРО/дек.08). д) Во декември 2008, со втората измена на ЗРО (2005) – којашто, патем речено, скоро во целост се однесуваше на „казнената политика“, покрај тоа што, како што видовме, глобите неколкукратно се зголемија, беа додадени и некои нови појаснувачки и процедурални одредби: •  со чл. 266-в е регулирана постапката за порамнување којашто државниот инспектор за труд е должен да му ја предложи на сторителот на прекршокот, и тоа пред да поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој со занес зборува за топлите дланки на Ана, (топли како најслатко печено), за непостојаните форми на тестото во нејзините прсти; за нејзината насмевка и одразот на насмевкава врз надворешниот изглед на пицата; за состојките додадени на тестото што наеднаш ги губат посебностите во корист на целината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од почетокот на транзицијата, правата на работниците кои по силата на приликите се невработени во дадениот момент со промените на овој закон претрпеа сериозни намалувања, особено во поглед на остварувањето на правото на паричен надоместок во случај на невработеност: додадени се нови ограничувања кои го оневозможуваат стекнувањето на ова право и го олеснуваат неговото престанување, утврдена а подоцна и намалена е горната граница на висината на паричниот надоместок и, најважно, дојде до повеќекратно и драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ручекот не е оној истиот од пред малку затоа што сега е задушен, додадена му е аромата на запалена цигара, на тутунот што споро гори, ама силно чади и бргу убива.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се надевам таа безмалку ќе дојде, таа нимфа на белите жубори, невиност непромислена, возљубена од секого, невиност додадена колку за вкус.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)