добро (ср.)

Паметувањето на тоа родство, тој произлез и тие интереси го натеруваат секој член од некој народ да се одрече од некои свои права и интереси за да му посвети дел од своите сили на општото добро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СТРИКО КОЉО: Живи-здрави! Сѐ за добро! На радост да тргне! Господ да повели на венчавање, крштавање!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Со здравје и со добро, Стојанке! Е, бре чорбаџи Теодос, ја расплака сиромашката!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МИТРЕ: Дал ви господ добро и добро ни дојдовте. (Се ракува).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По лошото и добро ќе дојде.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
БАБА АНЧА: Баба Анча не можеше друго добро да ви стори освен тоа — одајчето раскапано да ви го пушти и постелата од слама и паперка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Многу, бабо Анчо. Големо добро ни стори.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Та ти ни стори големо добро, кое... не би ни било простено од бога, кога би те заборавиле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одев полека, со некаква возбуда претчувствувајќи ја границата помеѓу злото и доброто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Добро- зло? Нејасно се зачна ова прашање во мојата свест затоа и одговорот јасно не можеше да го исчепкам од кожурецот на мачењето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас сакам тебе добро да ти стора, та затоа ми те советуам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче" и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ти го направи ова добро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ова добро не ќе ти го заборавам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го ослободија од платнениот оклоп и го внесоа во бела самица со последен совет: „Биди мирен, Исусе. За твое добро.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ова е за твое добро, Исусе.“ Отец Симеон опцу со разлеана крв во устата бессилен да се извлече од клопката. Јазикот му го жежеше опор вкус на ’рѓа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
До бес. „За твое добро“, рече другиот. „Ајде не спротивувај се.“ Пак опцу и дури тогаш забележа дека вратите на неговите соседи се подотворени и дека низ темните пукнатини на таа отшкринатост ѕиркаат врели очи на притаен страв...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За доброто на вашето село, како и заради безбедноста на власта што ве штити, секој чесен човек е должен сѐ да стори за да се фати овој злосторник и одметник.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се понасмевна и испушти едно: — Добро утро, браќа! Сакате ли госје? — и рипна од коњот. — Дал ти бог добро, Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе