дефект (м.)

Во електричната инсталација знам еден таков дефект што вечер кога ќе се шкрапне било кој прекинувач, кога некој каде и да е ќе ја вклучи струјата, ќе се предизвика таков куршлус од кој куќата цела ќе пламне како кога се пали автомобил и никој жив нема да остане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако умеете да чувате тајни би ви открила нешто: јас сум во потрага по совршениот пехар, пехар што нема никакви дефекти од било каков тип во својата форма.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Овој дефект ни дојде како нарачан. Имаме толку многу да си разговараме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ајде, сменете ја темата, да не би вечерва да се исклучи струјата поради дефект.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Паробродот бил запален претходниот ден околу 11 часот претпладне, но граѓаните, сметајќи дека тоа било резултат на дефект на машинското одделение, не биле вознемирени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јапонската кола на Лијам и е и не е во дефект; тој ја вози.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уште во оние, најубави години, јас требаше да го видам дефектот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога повторно се собравме наместо да тргнеме откривме дефект во колата требаше време за да се отстрани сестра ми рече гладни сте вечерајте не се оди на пат гладен не доаѓа предвид реков очај ме обзема од постојано јадење кога треба да патуваме преживаме кога треба да патуваме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сепак, било премногу доцна – Џон Лок веќе изјавувал дека дури и религијата мора да биде рационална, а Томас Хобс го толкувал лудилото како грешка во мислењето предизвикано од дефект во телесниот механизам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пожарникарите објаснија дека станува збор за дефект во електричната инсталација од кој е предизвикан пожарот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Со други зборови, сопственикот на претпријатието се обиде, а најпрвин и „некако“ успеа во тоа, да го убеди судот дека Јакшиќ делувал самоиницијативно и без никаков налог да го отстранува дефектот, но и дополнително да го убеди дека на објектот немало надреден работник кој му ја делегирал таа задача!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Немилиот настан, кој спротивно на законот никаде официјално не беше евидентиран, ниту пријавен од страна на работодавачот, се случи кога, и покрај очигледниот дефект на машината и потребата од негово отстранување (отпушување на цревото за нанесување малтер) – а за да не се губи еден ден како би се отстранил дефектот на професионален и безбеден начин, сопственикот на фирмата нареди веднаш да се отстрани дефектот и да се продолжи со работа „на негова одговорност“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во стилот, како е кај вас, граѓанко, во поглед на дефектите на водоводот и канализацијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)