деведесетти бр.

деведесетти (бр.)

По нивна иницијатива во почетокот на деведесетите години се образува едно национално сепаратистичко движење со цел да се одделат интересите на Македонците од бугарските со издигнување на едно од македонските наречја на степен на литературен јазик за сите Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најстарата, тета Наца, во својата деведесетта, од прстите глисти ги изникнуваше Шопеновите полонези на раштиманиот метален пиано.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби Марчовата перфектно јасна, зачудувачка невиност скаменета внатре во земниот цинизам е она што толку добро оддекнува во нашите деведесетти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Грег Беар (Greg Bear): „Нашето разбирање на науката и технологијата во осумдесеттите и во деведесеттите многу е променето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Девеесеттите години се феномен за себе. Главна карактеристика е големиот подем на електронската комуникација, тнр. модемско и компјутерско поврзување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По години колаборација Луз Арке во почетокот на деведесеттите прозборува пред „Националната комисија за вистина и помирување“ и како сведок се појавува во повеќе од шеесет судски постапки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Кариерата на Лепа Брена е нераскинливо врзана со постоењето на Југославија, што покажува и падот на нејзината популарност во почетокот на деведесетите со започнувањето на војната, смета Душан Маљковиќ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)