движен прид.
движи несв.

движен (прид.)

Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Lag Baomer движен празник што се паѓа 33 дена по еврејската Пасха
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога директорите дознаваат дека извршителот ќе прави попис и проценка на имот и заплена на движни ствари (res mobiles) како извршно средство, конечно ја 276 исплаќаат севкупната сума што ѝ ја должат по сите основи – како за главното, така и за споредните побарувања. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како извршно средство, поради празната и блокирана сметка на Радиото, се користеше попис и проценка на имот со заплена на движни ствари [res mobiles].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаме закон според кој на тие што дезертираат им се одзема целиот недвижен и движен имот. Значи куќа, стока и друго...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)