гумен м.
гумен прид.

гумен (м.)

Капсула, до појас стегнат во меки гумени чизми, го тера дедото да му се качи на грб да го пренесе до ѓумето а овој се буни, одбива, но тоа сѐ некако тихо и неуверливо, плашејќи се внукот да не го послуша и да не го остави да ја гази водата леко пориена со тенка стаклена кора.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Брате Јоване, јас сум една од оние бубачки што со своите многу очи гледаат десетици слики одеднаш - и се виде самиот себе во гумени чизми до појас, таму, на едно мочуриште, меѓу трски и меѓу селани, потонат в густо и зелено крекање на илјадници невидливи жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На другата страна беа изобесени селски гумени опинци, ремења за опашување, неколку каскети, крпени стари војнички чевли, шишиња за ламба, конци и друго.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од оваа неограниченост и од мултимедијалноста произлегува широкиот дијапазон на користени техники и материјали во мејл-арт практиката: налепници, разгледници, гумени печати, коверти, марки, телефон, телеграма, од една страна, до цртежи, слики, графики, фотографии, фотокопии, циклостил, колажи, уметнички објекти, звучни и видео касети, компјутер итн, од друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сега Курназ немаше ни трафика ни бутка, туку киоск; и продаваше не само цигари и весници, кибрити и свеќи, коверти со марки и табаци за молби, ами и лижавчиња на дрвца, гумени бонбони и гумички за бришење на мастилави моливи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Поправо, крупната риба и не ја гледаш, освен оддалеку, како рибарот во гумени чизми ја носи држејќи ја за жабрите и што повисоко да не ѝ се влече опашката по земјата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Орвел – тип што се збунил и напишал дека после капитализмот доаѓа комунизам. крокс – гумени папучи слични на оние од Чик Куманово.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Децата јадеа гумени бонбони со 8 миљарди емулгатори, како и амерички чипсови кои имаа поише холестерол отколку компир у чипсот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На пазарот пласира ПВЦ цевки и компауди, фолии и вештачки кожи, како и гранулат и гумени полнила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во еден момент ми текна дека ги заборавив моите омилени домашни, бели гумени влечки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)