графити само мн.

графити (само мн.)

Само моите графити стојат на ѕидот. Сами.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Буквално болен од љубов, стенкајќи одвнатре со секое нишање на возот и загрижен дека засекогаш сум оштетен, ѕиркав надвор во жолто-осветлените станици каде осамени мажи стоеја пред огромни реклами, слики на раскошни манекенки изобличени со графити - истите стари навреди и повици; ДА ТЕ ЕБАМ, ПУШИ МИ ГО.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го бранам на истиот начин како што ги бранам уметниците што пишуваат графити низ нашите градови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таму само ќе помине покрај изгорената црква, која еве цел човечки век се моли со отворен покрив кон небесниот свод, додека камените ѕидови ѝ се раскостуваат од малтерот сосе фреските, а место иконите ѝ се читаат профани графити.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пушам читајќи ги овие графити, замислувајќи си како изгледа Дуле со крваво око, Марко со фластер на увото и Мери со завој на носот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Графити ѕид Ѕид што се гради Ѕид што се урива Непознат ѕид Ѕид за поклонение Ѕид ковчег Курвин ѕид Замислен ѕид Ѕид на радоста Ѕид на ужасот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Рада настапи последна. Нејзината песна носеше наслов „Графити испишани по мојата душа“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)