госпоѓица ж.

госпоѓица (ж.)

- Дете, госпоѓице, нека си поигра. Нека го позадева пијаниот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
до госпоѓицата осуденик допираат само крпчиња пареа од одалечениот свет- бледите испарувања се распрснуваат низ шумата- нема каде да се оди- за госпоѓицата осуденик нема ни најмало патче- таа всушност и не постои- дише чекори зборува дури се храни и води љубов но животот прекинал со неа ни здивче ветер- во шумата сум- во салата сум-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Многу од овие госпоѓици биле побожни, а оние посебно омилени и познати дури биле закопувани во црквите, како “Фиамета”, куртизаната на Цезаре Борџиа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Проценувачки ме набљудуваше за момент, мрморејќи „да, да“ себе си во брада и тогаш, со помош на медицинските сестри, госпоѓицата Арцибалд и госпоѓицата Сливовиц, ме проведе низ серија тестови кои би збуниле и космонаут.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Господинот гледаше во мене и рече: „Кој сте вие? Ја познавате ли госпоѓицата Ина?“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Знаете, јас сигурно ја знам госпоѓицата од некогаш, многу порано“ реков и тој веќе гледаше во мене како да сум лудак; претпоставувам дека помисли да го викне обезбедувањето на мирен начин, без да ме разжести и од тие причини рече: „Почекајте“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем Ина му шепна нешто на аѓутантот, тој нишна со главата, пријде кон мене, и ми рече: „Госпоѓицата со задоволство ќе ви одговори на прашањето ако сега си одите, и ако по последната претстава, вечер, ја побарате во нејзината приколка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа беше госпоѓица каква што во Струмица немаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Треснува на подот шишето коњак на госпоѓицата Голдблум.  Доктор Астерид ме одведува до една подзатемнета голема хала во која се наоѓа вистински сточен вагон поставен на автентична железничка пруга со дрвени прагови за да потсетува на трауматичните масовни транспорти на Евреи што нацистите од сите страни на Европа ги префрлуваа во германско-полските логори на смртта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Понекоја бугарско-кинеска јакна, со неиндентификувачко чудовиште или исклештен змеј со премногу канџи и премалку заби, хибридно се вкрстуваше со модерно палто на млада госпоѓица која сѐ уште нема, или има освоено многу одважен маж.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сатурн не можеше да се ослободи од желбата да ја праша дали таму случајно живее некоја госпоѓица Марија. – Овде не живее никаква Марија – му рече жената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Робот си е роб, ороспијата си е ороспија“ ѝ вели Жан на Јулија во пиесата на Стриндберг, „Госпоѓица Јулија“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Простете, госпоѓице, ако ве исплашив. Воопшто немав таква намера.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Слушај, госпоѓице! Изгледа, имаш многу површна и погрешна проценка за луѓето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Госпоѓице Софи извинете, заради нас тато ве искара. Ве молам не плачете, толку ми е жал...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)