гасеница ж.

гасеница (ж.)

Под кожичката на долната усна му се собира и му се растегнува гасеница.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во хаосот околу нив лушпи од ореви, допушени црноглави гасеници во пепелницата, лепливи лочки ликер и нејасни привиденија со недооформени лица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И знаев дека не бегав од љубопитно издолжените цевки на револверите туку од неа, од таа огромна гасеница, од тој грев“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сенката за да ни докаже дека не се возбудила од тажниот палјачо, почна да збеснува, да се собира и да се развлечува како гасеница, да се дуе како балон, да се истанчува како вретено.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Треба да ја чуваш. Да не ѝ ги кинеш ливчињата, да не ѝ ги кршиш гранчињата, да ја браниш од гасеници и да ја поливаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ништо, јас така само си се собирам, ко гасеница во кожурец и молчам. Си ги подголтнувам зборовите, навредите, сѐ. И се кинам од работа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Аман, вели Џемо, не земај душа, вели и го намовнува лицето, го собира ко гасеница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Порано, кога немаше хемиски средства за заштита на растенијата од гасеници, растителни вошки и ред други штетници, птиците беа најважните чистачи на природата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Како не роди мајка ти една вреќа гасеници, вели Наќе, само тебе да не те родеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, дури се свртев, три криминалки ми се залепија ко гасеници, ми се зашија: — Давај махњомсја!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А пред да помине голема војска, вели, излегуваат многу жаби, гасеници и скакулци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На шестото новороденче во таа година црните подбивачи сакаа да му дадат име Сирак, но попот го запиша во црковната книга како Никита Марко Проказник, на задоволството на Јага Перуника, им се тргаше од пат на разубавените селанки и со стара ракија во бокалче пред себе му раскажуваше на најстариот, на Богдан Јанков со козји уши и со господови тајни во себе, за природата, за Чарли Краков, за гасениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На селските јаболкници немаше веќе ни плод ни гасеници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас премалев, што се вели, се собрав ко удрена гасеница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
8 Чудовиштето - тоа, значи, било: по нив се влечел со упорност на гасеница мирис на изгорено месо, не мирис што се чувствува со влакненцата на ноздрите и не што се згруднува в грло, сладникав, мек и сепак подвижен залак, туку оној што се закопува во горчливиот мрак на срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе го убијам.“ Едната веѓа на жената непрекинато трепетеше. Како гасеница да се бореше со ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што закркоре пукотницата така се појавија некои тешки возила со гасеници и со рилки како чистачи на снег така што не знам дали поскоро паѓаа трупови покосени од рафалите или местото се чистеше како ништо да не било.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јајцевидното сонце со дамки, и тоа некако извртено , се издолжи уште повеќе и со леснотија на гасеница, залази кон својот дом – замок од жива вулканска лава под покрив на созвездија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе