венее несв.

венее (несв.)

В бесполезно плачење зошто венеете така? Плачот остајте го еднаш!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
БАБА АНЧА: Само гледај, синко, што побрзо да си дојдеш, да не ти венее невевчево.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Од ден на ден губеше сили, место да му оди за напред. Очигледно, венееше, жолтееше и се сушеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој во десната рака држи запалена цигара од која се креваат думани кои толку ја загрозуваат околината што сѐ живо веќе кашла, венее и умира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Градот чекаше дваесет илјади години. Планетата се движеше низ вселената, цвеќето по полињата растеше и венееше, а градот сѐ уште чекаше; реките на планетата навираа, пресушуваа и се претвораа во прав. Градот и натаму чекаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се загледав сега во сарделата и забележав дека лисјата ѝ венеат и ливчињата од цветовите брзо отпаѓаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бавно, но постојано венееше и тоа сознание всели страв во мојата душа, едно претчувство на загуба, која би можела да биде неминовна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакав да се потсетам и се потсетив дека редовно ѝ турав вода и ја негував. А сепак, растението венееше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Минуваа денови, месеци, Мајка не престануваше да венее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, спикан зад тоа пусто тезге од расчаталени штици, меѓу грнците што се пореваа и превртените тави што стануваа капаци на цреповите за џвеќиња, Петре го доживеа тој земјотрес на јаничарскиот бес и сила, и самиот како некое цвеќе што венее брзо на студот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како ова срце да преболи, ова небо солза ми осветлува, а ноќта болка ми сокрива, лице ми венее зошто твоето не ме љуби.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имаат ли души докторите, кога веќе немаат термини, за да сетат како венее и папсува - се прашуваше лозарот од Неготино меѓу две остри болки во стомакот, а поначесто и среде гради.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)