булеварски прид.

булеварски (прид.)

Трговијата со порнографија и со евтина секси булеварска литература, која овде, на „Пигал“, се продава на секој чекор, ја немаат во свои раце Французите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како пандан на езотеријата настана булеварското производство, уметничката индустрија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таму се произведуваа булеварски весници кои не содржеа речиси ништо друго освен спорт, криминал и астрологија, потоа сензационални романчиња од пет центи, филмови преполни со секс и сентиментални шлагери што беа целосно компонирани на механички начин, со помош на еден посебен вид калеидоскоп познат како стихотвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што е неприкосновена и приватноста на писмата Кои ако паднат во рацете на какви и да е неранимајковци Интелектуални разбојници и булеварски журналисти Мигум ќе станат јавна наситка На оние кои цел живот биле јалови сонувачи Та не испилиле ниту едно малечко сонче А не пак и толкување и остварување на сончето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)