бомбардира св. и несв.

бомбардира (св. и несв.)

- Немам татко - одговори Трајче. - Татко ми го убија Германците кога го бомбардираа Белград. Сега сме дома јас и мајка ми.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Германските бомбардери го бомбардираа Белград.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секој жител на Кралупи раскажува и за тажната историја на овој град - за неговото наполно разурнување од англоамериканските авиони во март 1944 година, кои го бомбардирале поради големите резерви бензин и други нафтени деривати, кои на ова место ги складирале Германците. Таков е Кралупи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но зашто тогаш не поминуваше никаков воз по железничка линија, кој би можел да биде бомбардиран, а не допираа ни шумови на моторни возила што се точкаа по Битолско Џаде, појавата на аеропланот силно ги изненади и ги возбуди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никогаш, дури ни при бомбардирањата на крајезерскиот град за време Втората светска војна, кога татко ми мораше да замине на едно од своите таинствени патувања од кои се враќаше дури кога ќе се утврдеше едниот или другиот окупатор, мајка ми и постарите браќа не го беа виделе позагрижен, повознемирен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Куќата ни е срушена, немаме веќе ништо, не знаеме каде нѐ водат, толку нѐ тепаа и нè бомбардираа што ни се чини дека сите го изгубивме разумот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неговите дела се литерарно бомбардирање со невидена разорна сила.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со други зборови, случајните бомбардирања мозокот ги толкува како соништа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, и тие ги осетиле стравотиите на бомбардирањата. Бегањето во скривниците. Затворањето и мачењето на блиските во затворите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неговиот глас, метализиран од појачалата, татнеше набројувајќи бескраен список од злосторства, масакри, депортации, грабежи, силувања, тортури на затвореници, бомбардирања на цивили, лажна пропаганда, непредизвикани агресии, прекршени договори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше бомбардирана во... ах, пред многу години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден многу добар за еден брод полн со бегалци како го бомбардираат некаде во Медитеранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во овој период британските воени мисии со посебно внимание го следат движењето на германските единици и нивното повлекување и за тоа го известувале својот штаб Force 399 барајќи да се бомбардираат правците Лариса- Лерин- Прилеп и патот Дојран- Валандово- Струмица- Штип.272
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По посетата на градот ќе го извести Force 399 дека Скопје бил бомбардиран повеќепати и дека се направени големи штети на јавните згради и железничката станица и дека железничкиот мост преку реката Вардар бил уништен.283
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дојде до вистински масакр на козите. Големото стадо на легендарниот козар Чанга, инспираторот на козјата антиреволуција, едноставно исчезна во засолништето од бомбардирањата, во утробата на блискиот рид на која се извишуваше тврдината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таму, во нашата куќа крај Езерото, големата куќа на целото семејство која беше близу пазарот, си имавме сѐ што ни требаше за да издржиме живи и здрави, повеќе денови, додека траеше бомбардирањето и додека се разменуваа војските.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еден ден пред бомбардирањето, гратчето се подели наполу.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не се случи ништо. Аеропланите не го бомбардираа градот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија.  На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе