балансира св. и несв.

балансира (св. и несв.)

Затоа сега минуваме како крај зафрлена станица оти место рацете ни мавта една голема црнина тага од студен мразулец што виснал од балконот и балансира укочена пред црната вистина на сонот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Со својата крајност ја балансирам вашата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Меѓу вжештените извици, Ева балансираше како златокос палјачо со модри очи – од молчаливото насмеано кукле ќе се расприкажеше разгалената сестричка, а пак од оваа ќе проговореше некое стармало суштество во детско обличје.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еден човек со мазна боксерска муцка, на која устата беше само еден засек, застана пред него, замислено балансирајќи го пендрекот меѓу палецот и показалецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неповолните аспекти на овие промени донекаде се балансирани со намалувањето на потребниот стаж за стекнување право на старосна пензија, од 20 на 15 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Дали имате постигнато хармонија во животот, дали се обидувате да балансирате со работите кои ви ги сервира секојдневието?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако животот го замислиме како балон кој балансира на игла стравот дека може да го дупне и најмал погрешен потег ќе не направи свесни за тоа колку е драгоцен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Семејството е среќно, гледа дека нешто правам; сестрата тоа ѝ го вели на мајката, мајката на таткото, таткото на некои гости кои на прсти, балансирајќи со испружени раце, влегуваат низ отворената врата осветлена од месечината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, природата на нештата го научи да балансира со сосема спротивните карактери на Ружа, Рада и психички нестабилната сестра Ана. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)