Прага име.

Прага (име.)

Париз `ржи ранет, Варшава до појас в гроб и го копа гробот на смртта, Прага се грчи в мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Старанова“ синагога е специфичен прашки монумент.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прага е полна со ресторани - 136, дваесетина барови, педесеттина хотели и во нив се одвива животот на гостите и тука е посебно живо во доцните ноќни часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Прага се пие пиво на секој чекор. Во пивниците, на долги столови, како некогаш, со парче салама, сендвич или „дунајски“ колбаси или пак со унгарски гулаш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Понекогаш ја сонува како му шепоти на увото тивко, нежно, мило, возбудливо, исто онака како што му зборуваше во Прага, а понекогаш гласот го здружуваше со здебелениот глас на Стела, но не му шепотат, ами му пеат тажни песни облечени во црно како калуѓерки; му пеат како на гроб, како да му дошле на погреб.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стои насмеан и веднаш ме прашува: Ерусалим е свет, Прага златна, а Рим? – Вечен? – Добро.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Артикулиран страв ли е тоа под нискиот трем зад Прашкиот праг?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На дебело им нарежив од пражската шунка и велам: - Па, наздар, соудрузи есенбаци и кажете што ве натера патот да ме посетите?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кажа дека се родила во Прага, татко ѝ бил трговец, мајка ѝ работела во заводот за заштита на работниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ранетите и целото бегалско население да ги прифати Варшава, Прага, Будимпешта и Букурешт, а способните, тие за кои беше јавено дека пушката ја држат покрај нога – ги прифати Москва и ги одведе што подалеку од Европа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И ќе го сочував ли, ако не беше љубезното момче, тој убав пролетен ден во Прага за спомен и за долго сеќавање?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тоа августовско утро во Прага чистачите на улиците среќни и весели си посакаа нешто убаво за себе и за своите најмили: едни посакаа да има повеќе пари за пиво, други посакаа пивото да биде студено, трети посакаа децата да им летуваат на Јадран.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Стуткани меѓу Виена и Прага тие повеќе береа гајле како да дојдат до кредит за колор телевизор иако веќе им беше сосема извесно дека телевизорите постојано најавуваат само зла и несреќи и дека црно-белите само се заменуваат со зла и несреќи во боја.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Што носеше Захаријадис од своите патувања во Белград, Прага, Букурешт и Москва?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во Прага ми рекоа дека први ќе ја признаат нашата привремена влада.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А во меѓувреме Захаријадис патуваше во Белград,Тирана, Будимпешта, Букурешт, Софија, Прага, Варшава и сите тие негови патувања го водеа кон крајната цел: Москва.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)