Португалија име.

Португалија (име.)

Целиот јужно американски континент сѐ уште живее во времето на жртвувањето на царствата кои пропаднале со доаѓањето на Шпанците и Португалците и кои никогаш нема да престанат со своето пропаѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Евразија ја сочинуваат северните делови на европската и на азиската копнена маса, од Португалија до Беринговиот Теснец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто еве, и Евреиве ни ги полнат маалата. Со бродови и карвани од Дубровник, и тие, кутрите, божем бегајќи од Шпанија и Португалија одат за Солун, ама минувајќи низ Скопје, многумина и остануваат овде, кај нас. Што да правиме со нив?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Романиотите говореле на грчки јазик Sephardim Евреи по потекло од Шпанија и Португалија со говорен јудео-шпански јазик (judeo-espagnol) или ладино.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не мириса ниту како атлантскиот брег во Португалија, ниту како ледените морски води на Данска и Норвешка, ниту пак како топлите карипски заливи во Порторико.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сретнував постари дипломати од ваков сој, и на подготовките во ССИП во Белград, и во земјите во кои служев во Тунис, Франција, Португалија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
4.  Закони за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва од 2004 година, Сл. весник на РМ – 84/05, 25/07 и 87/08. 158 учество во одлучувањето. Оваа одредба во Уставот на Република Македонија има посебна тежина, бидејќи само уште во неколку европски земји (Италија, Норвешка, Холандија, Португалија, Словенија и Хрватска) ова право има статус на уставно право. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)