ќелија ж.

ќелија (ж.)

Во ќелијата навлегуваше самрачината, а со неа доаѓаше ладно струјкање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор помислуваше дека Арсо веќе не постои, А останало само некакво запуштено тело, труп што треба да се извади од ќелијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стравот, роден во глувата осаменост на ќелијата, ја беше загубил својата острина, стоеше затулен, магличест и оддалечен некаде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така и се реши на состанокот на Партиската ќелија, нели, - се сврте кон бригадирот и овој неколку пати климна со главата, потврдувајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гоце и Ѓорче влегоа внатре во мрачната и тесна затворска ќелија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гласот прашаше од соседната ќелија: — „Има ли некој во долапот? Ако има дојди во левиот ќош!“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На второто и третото накашлување Толе се увери дека тоа дете е неговиот комшија во ќелијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Скалилата што водат во ќелиите, направени од мермер, веќе се изабени од употреба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Адио, синдрофиса Небеска, ми се оѕвиваат Албанците од ќелијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
29. Нѐ однесоа во Бурели. Двајца по двајца во ќелија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Адио, шок, им викам на Албанците од соседната ќелија, адио!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Низ прозорчето од ќелијата Наќо ѕиркаше во дворот и ги гледаше полковниците каде што се приготвуваа да си заминат товарејќи ги коњите со торбите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- А не, не, тој сега нема повеќе да излезе од ќелијата... - им рече игуменот успокојувајќи ги.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И неможејќи да ја издржи болката од жал за манастирот, отец Никодим го напуштил игуменството и се затворил во испосничка ќелија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Седејќи во градината Богдан се чувствува како одново роден, ослободен од секакви грижи и од четирите ѕида на собата во која понекогаш ја доживува како ќелија, како затвор.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дури и по својот конституционен принцип (ребрата, што, прицврстени со нашиот ‘рбет, оформуваат повеќе од алузија на затвор со цврсти, поврзани решетки!), телото е непосредна асоцијација на кафезот, затворот, ќелијата. Стапица за птици!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Остана само ќелијата на Димостен во која можеше да биде сама за да се обидува да се ослободи од несаканото семе, меѓутоа, во неа немаше никакво искуство за такво нешто.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но токму во тој момент тој легна на подот од ќелијата и се фати за едно од железните столпчиња што ја потпираа клупата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан го беше искорнал расклатениот заб од корен. Сега го фрли преку ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК