јузбашија м.

јузбашија (м.)

Остави тројца јузбашии со петстотини војници по левиот брег, а сам тој со двајца и толку аскер почна систематски да ги претресува селата и планините по десниот брег. Му се придружи и витолишкиот јузбашија со стотина војници и положбата на Толета се влоши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Евет, мудур ефенди, — изусти Ибро и излезе низ врата поведен во знак на послушност, а мудурот пак ги кладе очилата и пo десетти пат го прочита писмото дури да дојде јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Навистина идат, си пробрборија јузбашијата и мудурот и ги впија очите во мракот, небарем ќе ги бројат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се чинеше и повисоко одошто е, кога уште ќе замислеше дека горе, изделено од рајата, е сѐ што вреди, седиштето на валијатот, уќуматот, беледието, а заградени од ѕидиштата се и сите големци на градов, нивните куќи и сараи, богатствата, анамите и слугите, а покрај нив војниците, магазите со жито, складиштата на муниција, топовите, ѓулињата, јаничарите и нивниот јаничарски началник, што го викаат коџа-ага, па јузбашата, церибашата, дури и спахискиот ќаја е тука, ама и големиот мула не може да биде надвор од ова место, зашто нему му даваат дваесет ќесиња годишно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)