црвеношијка ж.

црвеношијка (ж.)

Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го слушна и блиското и живо брборење на црвеношијката, кое повеќе личеше на смеење отколку на брборење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Брмчењето што го слушна пред себе ја натера да застане на патеката и истиот миг виде една колибри - црвеношијка што брмчеше и се врткаше меѓу криновите, како некоја бургија што дупчи, оддалечена од неа колку една спружена рака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)