упокои св.

упокои (св.)

Дури ни со урнатините од науката, културата - и самите урнатини се упокоени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А за онаа, западната, ништо не се знаеше, оти ниеднаш вратата нејзина не беше отворена од онаа ноќ кога отец Мида, неколку часа пред да се упокои, го внесол во неа умножението на записот и ја заклучил клучалницата нејзина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да имаше власт над сонцето, сигурно ќе го изгасне дента кога ќе требаше да се упокои, за другите да ги повлече со себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас сега конечно ќе се упокојам, ќе спепелам и ќе се вратам во утробата на земјата од која бев создаден.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се прочу глас дека преминала, дека е упокоена, друг глас велеше дека е болна, трет глас дека некој ја силувал и ја претепал, па таа лежела во постела болна, искршена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Утрото, дваесет и шестиот ден од месеца цутара, втората година по Големата војна, миропомазаната жена на Пане Липовдолски (одамна упокоен) осудесет и едно годишната Лена, шевелеше низ куќи, се вѕираше час во ноќвите, час во амбарите, во потонот, во малата и големата одаја, во гредите над чардакот, по ќошињата на дворот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нема чедо кое, во пролеаните солзи по упокоената мајка, не ја изразува својата тага поради загубената можност да ѝ се оддолжи за сите нејзини страдања и жртви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Кој ли од селаните се упокои? - мисли гласно. Почна да ги брои оние кои се постари од него и болните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)