тегоба ж.

тегоба (ж.)

Ја кревам секирата. Ќе го ослободам ли од тегоби?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ни клинови да ги боцкаат во ципите, ни мешето да ги врти од глисти, од далак или од нешто. Немаа тегоби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пишувајќи ги овие разговори ме крепеше надежта дека во нив некогаш, во некои животни ситуации, ќе најдете одговори на некои прашања што ве мачат, ќе најдете олеснување од некоја тегоба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Доста ми е: сум протерал преку глава дваесет и пет илјади денови, па зар сега да се мачам и да пекам за уште, и тоа за јадовни, тегоби?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сонот ги брише сите неволи и тегоби на животот...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Заборавија сѐ. Дури веќе не можеа преку ден да го сретнат Осиповиот внук, ни па прашуваа се присокри ли тој негде или им се врати на примамливостите и тегобите што ги нудеа далечините.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На тој изгрев многупати и без збор во мислата сме му се молеле, ако не повеќе тогаш барем за миг заборавајќи ги тегобите и неизвесностите што ги носи денот а со тоа и сеќавањето за она што било.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја тераше што повеќе да му кажува, да му зборува за своите маки, за своите тегоби, да се исплакува, да му се исповедува и на тој начин да ѝ олеснува болката во душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но ноќе станувал и чекорел по врвици на измислен свет, лесен и благословен во споулавеноста, ослободен од мисла и од земни тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сигурно затоа што тегобата што ја чувствувам е повеќеслојна и јас во сите тие слоеви така што не можам да знам што е што.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Невротичниот пациент, којшто на некој начин се определил за еротското тело наспроти автоматската активност на своето соматско тело, или подобро речено, којшто одлучил да допушти тоа соматско тело да функционира единствено во корист на неговото еротско тело, често има тегоби поради постојаните противречности меѓу инстинктивните сили и нагонскиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сета таа тегоба и јад што ги собираше во себе, сета таа нервоза, напнатост и главоболка, ја празнеше со викање на персоналот, со искричење на очите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Б бадијала - без пари, бесплатно, залудно батакчија - измамник, неранимајко башибозук - нерегуларна војска, паравојска беља - несреќа, невола, мака, тегоба, искушение берат - повелба, декрет, заповед, издадена од султанот, со која се давале разни права, привилегии
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тегобата од таквата помисла ја криев во себе и со себе ја носев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со солзи и невиден гнев си ги кршеа прстите, пцуеја, ја колнеа невидената сила која се што тие со тегоби градеа, со леснина им го уриваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе