суредува несв.
суредување ср.

суредува (несв.)

Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне во торбата и да ја открие работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Посакав веднаш да сме дома, да суредуваме со татко ми, да приготвуваме ручек за утредента, потоа да наместиме убаво за вечера, да вечераме, па да ги наместиме креветите за спиење.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мојот маж беше изнајмил жена којашто готвеше и суредуваше по куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Старата левичарска одбивност спрема владеењето на редот и законот сега е соочена со сопствената вистина што се манифестира во Босна и Србија, кадешто локалните воени поглавици без надзор пљачкосуваат, убиваат и си ги суредуваат приватните сметки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сите екстремизми и сите пропаднати политички идеи на светот денес овде ги суредуваат своите сметки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)