странка ж.

странка (ж.)

Тих ветрец вее - низ стрмни странки, се буди гора, - шушкаат гранки, - асики танки...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Орач в замав ќе посее ниви, - бело цутје ќе закити гранки, ќе загукат голабите сиви, - ќе оживат долови и странки.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тој носеше жолта акт - торба под мишка и замислено го слушаше забрзаното шепотење на онаа девојка што ги пријавуваше странките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Брат му го забележа тоа; се заджа да не ја прати во неврат својата стрпливост. „Една стрнка моли за прием, другар началник“, понизно рече девојката со толку слаб глас што изгледаше дека говори од зад некој ѕид. „Нека причека“, рече брат му и ги собра актите во фиока.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јарчето се дотркала до нив и тука запре. Змејко замина по странката кон него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шумата, што почнуваше веднаш тука и ги обраснуваше двете високи странки на долината, беше станата сета еден раскошен бел вез, во кој секое дрво претставуваше по една чипкеста плетенка од окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остана, загледан во крвавата дира, што се оддалечуваше пред неговиот поглед некаде во бескрај меѓу ретките стебла, што ја обрастуваа белата странка пред него; во неколку наврати беше дури и задоволен од сето она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во текот на постапката судот може, на предлог на странката, да одреди привремени мерки заради спречување на насилно постапување или заради отстранување на ненадоместлива штета (чл. 407).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Можеби пред сѐ заради она негово доверливо однесување со странката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На првото рочиште за главна расправа странките, меѓу другото, се должни да се изјаснат дали се согласни спорот да се реши во постапка за медијација (чл. 436, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трошоците на спорот беше одлучено да си ги сноси секоја странка самостојно!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, парничната постапка, меѓу другото, се прекинува, и кога: – двете странки тоа ќе го побараат заради решавање на спорот со медијација или на друг начин (чл. 200, ст.1, ал.5 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)