статус м.
статусен прид.

статус (м.)

Така, од кај бугарската војска, каде што имаат статус на полузаробеник и полувојник, двајцата војници, ќе се довлечкаат кон родното село низ многуте планини, за да завршат како заробеници на француската војска...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таквиот свој статус, единствени но само формални стопани на Потковицата, и статусот на Потковицата, неподелена, Акиноските го задржаа до 1593 година.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивниот статус на воени заробеници е заштитен со меѓународна конвенција и имаат посебно јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Пекол на Рајските острови: иако на наследниците на првиот колонизатор, едноокиот гусарски капетан, Џон Џонс, наречен „Џонс Крвопиец“ им е исплатено 23 долари како надомест за сопствеништвото на поседот, референдум е сепак неопходен – дали 35-те корални островчиња ќе бидат присоединети кон својот голем сосед, од чии брегови го делат 1500 километри или ќе го задржат досегашниот независен статус?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа беше отоманското движење кое поаѓаше од идејата дека отоманскиот граѓански статус треба да им биде даден на сите народи на Отоманската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
БАРБИТУРАТИ (BARBITURATES) Форма: таблети, пилули, еликсир, инјекции. Времетраење на дејството: од три до шест часа. Законски статус: се издаваат само на рецепта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Законски статус: продажбата на тутун на лица под шеснаесет години е строго забранета во Велика Британија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тврдењето на компјутерската метафора не е дека сите компјутери имаат когнитивен статус: ние не веруваме дека вашиот IBM PC размислува за Виена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Времетраење на дејството: до три минути. Законски статус: сива зона.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оваа гносеолошка хиерархизација есенцијален статус му придава на ‘духот’.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На некои западни феминист(к)и ситуацијата им изгледаше парадоксална - назадување во статусот на жените, а мала феминистичка свест.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Делувањата на оваа моќ се преправаат или се маскираат бидејќи тие оперираат со одредени норми кои се означени со статус на „вистина“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Појавата на новите дроги кои немаат решен легален статус создаде вистински хаос во општествениот третман на проблемот со дрогите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА ПИСАТЕЛОТ Несомнено е дека во хиперлитературата се менува статусот на писателот и читателот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Славој Жижек ТРИЕСЕТ И И ДЕВЕТТЕ СКАЛИЛА Бидејќи „39 скалила” бил снимен според познатиот роман на John Buchan, сценаристи­те под раководство на Хичкок неговата содржина толку успешно ја преправиле, што ликовите и доживувањата од Хичкоковата верзија станале такви, што во современата „популарна култура” го добиле така да се рече „архетипскиот”, митски статус и со тоа станале извор за непрегледното мноштво на варијации и плагијати; меѓутоа, самиот роман, ако денес го разгледуваме, делува наивно и застарено - нешто како груб материјал на кој што дури Хичкок му го дал дефинитивниот облик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ворхол не создаваше ѕвезди од нив, туку, според својот став на набљудувач, ги ставаше пред камерата сами да го изборат својот статус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На пример: Кога таткото ќе ги обезбеди издржувањето, статусот и заштитата на семејството, мајката може целосно да ги вложи своите сили во грижата за малото дете.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овој јазик го крие ужасот што демне зад сето тоа взаемно угодување, тоа давање и примање почит, статус, поддршка, заштита и сигурност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Минатото време на тој латински збор ги создава: „статус, државен апарат, институција, крутост, статично, статистика, проституција, реституција, конституција”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе