свирка (ж.)

Се слушаат радосни извици придружени од песни и свирки.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
АРСО: По тебе: идат со свирки, да те веселат, галиба.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Ајде свирка, песна, оро! Ајде цело Скопје да чуе! (Се фаќаат на оро сите.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Откај бавчите се носеше свирката на неуморните свирачи – штурчињата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Свиркајќи тивко од нас се одвои Петко, пристапи до платнениот ѕид и од брз замав го расцепи со нож.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се врати човек за триесет години назад и се почувствува момче од дваесет години, толку што му се свиде свирката од зетот Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа колоната несигурно одеше и со крваво око го мереше камењарот, сивата свирка на нероденоста, пустошта и голотијата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тој занес од свирки, песни, ора и ѕурење се отвори вратата и на неа се појави старата Ајша со скапоцен прибор за шербет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ја слушна и последната строфа од песната, ја запре свирката и ѕверски и се впи во очите: зовре од гнев и лутина, та замавна и силно ја удри со тамбурата по глава.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се надигна од облакодерите и се слеа со самото небо - во една длабока и страшна - неискажлива болка... мајсторот Него не го испратија со свирки, ниту се собраа луѓе пред црквата, на сред село, да играат оро.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Првпат во својот мравешки живот со игра и свирка ја дочекуваа Новата година.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Има и некаква свирка на која се обидува да засвири песничка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На брегот се слушаа едни божји свирки Што довикуваа дожд а се покажа потоп И по потопот сонце и несреќа многу потоа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак го зеде на шега, па проговори: — Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! — и се заврте кон гостите, кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на чардакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
24. МАЧКА СО ЅВОНЕЦ НЕ ФАЌА ГЛУШЕЦ - а некои со тапан по зајак јурат, овој, пак, нели и брзоног и ушест, свирката ја слуша, ситно оро игра, дејгиди ура, ура!... реката песок носела морето да го полни!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но Трајан не сакаше да мине тоа така глуво, туку зеде свирки и тапани, ги собра роднините и пријателите, и кога ја донесе дома, направи свадба: се тресеше куќата, се кршеа прозорците, се вадеа вратите за да влезе свеж воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ништо поубаво немало: вриела земјата од свирки и веселба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе