саможртвува св. и несв.

саможртвува (св. и несв.)

Еве ме, Купидоне, еве ме, црна музо, јас сиот ти стојам на располагање, удри на мене, бори се со мене, се саможртвува Трифун Трифуноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Границата беше и симбол на незапрениот балкански синдром за жртвување и саможртвување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гемиџиите сметале дека тие, како индивидуалисти, како револуционери коишто се готови да се саможртвуваат без притоа да имаат потреба од ангажирање на широките народни маси, ќе можат секој момент да ги реализираат своите планови, само ако имаат доволно парични средства.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Исмаил бил од оние многубројни Турци и Европејци коишто уште не можеле да се убедат дека Македонија има сѐ повеќе луѓе што се фанатично предани на ослободителното дело и се готови во секој момент да се саможртвуваат за својата татковина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)