рипнува несв.

рипнува (несв.)

Рипнувам и ја дрпам Уља да се разбуди. - Стани, мори Уљо, велам, сѐ живо се разбудило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крпам така, а под куќата Чако припнува, корне. На кого лае толку, си велам и излегувам да ѕирнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влегуваме во меаната од Доксима Тренчески. Доксим рипнува и нѐ пречекува, се смее. Вистина кисело, ама се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тој рипнува на коњ да трча, да ме втасува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што, Сталин умре, велам и рипнувам да ја бацувам, да ја давам Жења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рипнува од столчето. „Ми доаѓа намерно да ме навредува в лице...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така си помислува тој и рипнува од јастак да ги изненади, да им се јави дека е буден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)