репресалии само мн.

репресалии (само мн.)

Проектите за реформи на Русија и Австро-Унгарија се меѓународни акти, неисполнувањето на кои од Турција е насмешка и оскрбување за реформаторските држави и им дава полно право за репресалии против нарушувачот на меѓународното право.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Напротив, воената хистерија е постојана и универзална за сите земји, а чиновите како што се силувањето, ограбувањето, колежот на деца, претворањето на целото население во робови, репресалиите спрема заробениците, меѓу кои се подразбира дури и варењето и закопувањето на живи луѓе, се сметаат за нормални, а кога ги извршува сопствената страна а не непријателската, дури и за јуначки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, дека навистина солунските настани биле исползувани за масовни репресалии, па и за убиства, било веднаш потврдено.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Главно муслиманското население беше држано настрана во репресалиите, а војската ја вршеше својата должност со една ладнокрвност, за што треба да ѝ се оддаде признание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Турските власти, под изговор дека тие биле почеток на слични акции во други македонски градови, како и сигнал за востание, а користејќи го негодувањето што тие го предизвикале во Европа, решиле репресалиите да ги прошират и надвор од Солун, со цел да ја обезглават Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во таков случај репресалиите на Германците ќе го ставеа во ризик целиот остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со страшни репресалии врз населението било целосно задушено востанието, а водачот Каратасев пребегал во Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Првите обиди на новодојдените османски засилувања не успеале да го задушат востанието и покрај силните репресалии над населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Аргатувал кај некој Германец по име Ханс. Истиот плашејќи се од репресалиите на новата власт морал да го напушти имотот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)