распретува несв.

распретува (несв.)

Со едната рака цврсто го држеше ременот, а со другата и со нозете го клоцаше снегот, го распретуваше, настојувајќи да го ослободи животното.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Есени, сам крај огниште Распретуваш нешто во пепелта, си мислиш, Гледаш како се буди огнот, како разгорува, Како се исполнува мракот околу тебе со илјадници искри, Како се искачуваат тие потоа по полиците, Меѓу дуњите, меѓу јаболките, И како згаснуваат уште при првиот допир Со синџирот што виси над огништето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Има куче и куче, вели Доксим Тренчески и уште го распретува огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од кај помина, ќе прашам, одовде, ќе ми кажат, и јас ќе клекнам да го распретувам снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекаат и знаат дека човекот со сор им донел радост и сега, и тој сув и неподвижен, ќе распретува во себе дел на едно минато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со голи раце сум го распретувала за да му ја откопам трагата кај што згазил.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Перса се обидуваше да ја разблажи таа болка, отворено ѝ зборуваше Златна на мајка, кога нешто се посипува со пепел отпосле не се распретува таквата пепел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Знае каде лежи секое зрно. Дури ни не мора многу да распретува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)