распне св.

распне (св.)

5. Банки дигнаа палати распнаа мрежи широки, банки дигнаа палати и кули тенки, високи: нагоре кула висока надолу земја длабока.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Кабаницата со биковска врелина и готовност да распарчи секаков отпор под копита, да распне сѐ на рогови, да се забуца до врелина во врелина, ѝ пријде несфатливо брзо и ја прегрна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А покрај црквата некогаш течеше кротка вода И вишеа стебла ангелите кај што беа распнати И беше тихо месечина во крвта како да ти угрева.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
„Добро ни дојдовте“, стои на еден транспарент, напишан со латиница, распнат на гранките од едно дрво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лежел со раширени раце, распнат помеѓу смртта и заборавот, црн и црвен, со три отворени рани во лицето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На врвот од иконостасот голем крст на кој е распнат Исус Христос, а под него две ламји - симбол на победата на доброто над злото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Одненадеж се случи она најстрашното: тој ме беше налегнал и ме беше сковал распнат, го гледав озлобеното лице над мене, сторив напор да се поткренам, ама не се можеше, миговно се свртев влево и го закасав во десната рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Уште позакржлавени во сенката на своето прогонство, доволно се мали за да летаат со помош на пловечки кожинки кои во вид на крилја се распнати меѓу долгите, ’рбетовидни прсти, налик на букет опашки, и така сите тие создаваат...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Улицата под него зина понорно и го присили да се придржи за венецот од покривот и полунаведнат се приближи до железната конструкција на големата светлосна реклама - неколку бесмислено испреплетени железни штангли што придржуваа еден круг со вкрстени букви на реклама за аспирин, распната без потреба преку небото, некогаш одамна поставена и заборавена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој гледаше со полузаклопени очи, низ арабеската од железната конструкција на рекламата, бесмислено распната на фонот од вечерното небо; седеше недвижен и замолчен, со жената покрај себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакам да кажам: распнат помеѓу иднината и минатото, заплеткан во преплетувањето на временските (нивоа) рамнини.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како ретко кој друг во историјата, Фаик Коница со својот живот и творештво ја изразуваше судбината на Албанците распнати помеѓу Западот и Истокот, минатото и иднината, родната земја и егзилот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Албер Ками, распнат во свеста помеѓу светлината и нејзината опачина – темнината, ќе го упатеше погледот кон небото со повикот: „О, небо, отвори се!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се чувствував распнат помеѓу старото и новото писмо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа трае и царува, рие и поткопува, тлее и тишти сегде, а најмногу во стихот распнат како Христос врз крстот на зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тома ? - Нешто слушам - ништо не гледам. - Ме слушаш мене и ме гледаш мене: целиот во лузни од клинците со кои бев распнат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сетнем, дојде друг. Го фатија, го распнаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе