расветлува несв.
расветлување ср.

расветлува (несв.)

Плете и ткае и втиснува во текстот на прозната творба авторот привлечни визии, низ кои се расветлува од повеќе страни ликот на Мајката Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И покрај наклонетоста на професорот кон таканаречените злослутни поединости тој не можеше да го предвиди настанов што ќе се обидеме да го опишеме бидејќи тој се случуваше, според наодите на службите повикани да ги расветлуваат ваквите настани, речиси во истиот ден а можеби и момент додека Седларов го презентираше својот труд за наездата на сенките во спомнатата симпозиумска расправа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)