рапортира св. и несв.

рапортира (св. и несв.)

- Друже командире, заповедта ја извршивме! - рапортира Саво.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Госин поручник, - рапортираше фелдфебелот. - Јавувам дека се враќаме со неизвршена задача и еден мртов.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само што стигнале долу, Никола здогледал шаторско крило и како што подоцна рапортираше чичко ми Борис, ја исправил главата горе за да го смота, тогаш го погодил куршум в глава.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал: „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исмет ја избриша потта од чело и по подолго молчење, го врза разговорот: - Тукуречи една година потоа, во утринските часови на 9 август 49 година ме разбуди дежурниот и со исплашен глас ми рапортира дека во наша насока летаат грчки воени авиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наредив: по неа! Се стрчаа двајца од моите и по половина час ми рапортираат: другар командант ја фативме дезертерката, ама е ранета...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Рапортирај каква е состојбата и дали се одвива сѐ според планот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лично да ми рапортираш. Јасно?! - Разбирам!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)