рамница ж.

рамница (ж.)

Човекот се тресеше со дигната рака кон челото и очекуваше, но секаде, до кај допираа пипалата на слухот, се постилаше недогледна рамница на тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во подножјето почнуваше рамницата што во продолжение на езерото навлегуваше нагоре чиниш длабоко под планината и натаму до оној издолжен рид што ја прекинува и зад кој се наоѓа неговата Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Експресот јуреше по германските рамници кон Кобленц, а често се доближуваше до бреговите на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од секаде се слушаше мајчиниот јазик и тоа создаваше домашна атмосфера во експресот, како тој да ги сечеше австриските Алпи и широките рамници посеани со фабрики од Салцбруг кон внатрешноста на Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поточето што истекувајќи од Кладенец тече низ скалести корита, некогаш дрвени сега претворени во обични вирови, долу, а во рамницата, во бавчите, се влива во Голема Вода и е поило на дивината, добитокот и овците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се думам така и гледам низ решетките: ми бегаат некои наретки дрвја и некоја недогледна рамница што се одвртува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Испресечена рамница од суви бразди и ритчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе откафтеше уста нејзините зборови се однесуваа само на зимата, на снеговите што знаат да ја покријат целата рамница и не само рамницата, туку знаат да ги затрупат уличките, дворовите, покривите, така што се добива впечаток дека ѕидовите од куќите се скусуваат, а луѓето се претвораат во џуџиња во така мали кукички.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Рамница што очите со денови не можат да ја изодат, лебот на нивите расте готов во сомуни, а ние по умот на дедото Костадин!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И реакцијата на моите сестри можам само да ја претпоставам оти тие доаѓаа од богатата рамница и од богатото село и од убавата куќа во улицата Лазо Колишевски број 10 во која се спиеше во чисто варосани и големи одаи на дрвени кревети, а знаеја и тоа дека таму имав кревет во кој сам сум спиел и една одајка од неколку квадрати со рустикална маса над која сум ги правел првите белешки од мојот Дневник, а и некои експерименти од физика и хемија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе живеат во рамница. Во некој град зад Нови Сад.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иронијата е уште поголема, кога ќе се земат во обзир природните богатства: Руди, топли подземни води, плодни рамници со богат род, реки со силни водопади и што ли уште не...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само што се искачија на рамницата од каде што се гледа селото, Никола се опушти, се симнаа од коњите па им заповеда да легнат да се одморат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Вистината вели: Човекот ја јавна Расната кобила со единствена намера Да ја совлада бескрајната рамница! (А човекот не може да јава без да сонува)!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дека панславизмот е едно смешно антиисториско движење И дека негова цел е подјармување на цивилизираниот Запад Од странот на варварскиот Исток и на градот од селската рамница Оттогаш наваму се разгрануваат разни врсти антисловенство Од кои некои предизвикуваат и војни со многу жртви И не е многу важно дали антисловенството е лево или десно Многу поважно е што историјата на антисловенството не е завршена
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А од Бела Вода кон Герман се спуштаа партизаните и трчаа кон рамницата која сѐ повеќе се полнеше со луѓе и сите трчаа кон Пероо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да го поминат мостот, да се префрлат на другата страна од езерото, да ја фатат планината, да се скријат во грмушките, во честарот... а авионите долетуваа од кај планината Бела Вода, правеа полукруг и во низок лет пукаа, фрлаа бомби, гранати, оган над рамницата, чад, викотници, лелекања...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Надвор од градот, во широката рамница завршува асфалтираната улица и знак дека патот е во градба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе