разубеди св.

разубеди (св.)

Но кој можеше да ги разубеди републичките раководители.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку е тоа глупаво! Но него никако не можеш да го разубедиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што се однесува до селаните, нив никој не може да ги разубеди во тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не може ни Господ да ме разубеди дека Големиот Брат не води тачна евиденција кој, колку и кога пие, колку троши на сите облици на пороци и слично.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не можев да ја разубедам со никакви мои големи успеси!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еве, за да те разубедам и одвлечам од твоите црни мисли, ќе ти кажам што е наредниот симбол што го гледам овде ... па тоа се ... не друго, туку - чевли! Елегантни, салонски, женски чевли. - Лелеееееее!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
По ова, во септември 2002, таа направи и повеќе обиди да го разубеди директорот и правната служба за незаконитоста на одлуката – преку усни и писмени барања, но сето тоа остана без никаков ефективен одговор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Никој неа не можеше да ја разубеди во тоа. Еве и сега се случува истото!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така се разубедивме за неговата фиксидеја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)