разноликост ж.

разноликост (ж.)

Додека во голема мера аполитичката глетка на разноликост продолжува некого да забавува, а други да иритира, чекорот наназад е веќе направен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Темелен за ова гледиште е поимот за жена како опфаќачки термин кој ја обединува разноликоста на различни нивоа на субјективитет и различните врски со времето и поимите за времето.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
5. Впрочем, разликите во мислењето се знак на разноликоста.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од оваа разноликост (што на секој поединец му определува соодветни задачи) можеме да бараме само тоа да се оствари во такви облици што секоја од нив ќе придонесе кон најголемата благородност на другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Меѓународните установи секако се свесни дека е нужно да се сочува разноликоста на културите во светот, на којшто му се закануваат монотоност и униформност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За мене, најзначајниот вид искуство со ЛСД е можноста да се постигне поголема свесност за разноликоста, длабочината и интензитетот на искуствата кои ги предизвикуваат безбројните стимулуси што се јавуваат во околината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вистинската разноликост вечно постои во духовниот свет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Светот дефиниран само преку приватната сопственост неопходно исклучува какво било постоење на јавна сфера која би била инклузивна и широко репрезентативна на разноликоста на различните јавности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Балканот ќе се ослободи од самокурбанот кога ќе биде моќен да придонесе разноликостите меѓу луѓето да бидат прифатени како богатство на човештвото, како што разноликоста во природата се доживува како богатство во нашата заедничка татковина животот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но таквата судбина на Балканот му донесе жива културна разноликост и голем цивилизациски потенцијал?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)