разлика ж.

разлика (ж.)

22. “Комитетот не сака да ја направи Македонија бугарска; тој сака правина за сите Македонци, без разлика на вера и народност”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
71. Ако се споредат тие со помоштите за Бурите /Трансвалците/, тогаш ќе се добие голема разлика, зашто за борбата на Бурите се интересираа многу повеќе од нашата борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
105. Сарафов, Радев, Јанков уверуваа оти тие се борат со девизата „Македонија за Македонците”, за сите Македонци без разлика, и оти никогаш Македонија нема да се соедини со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа е и тоа и нешто спротивно, но не нешто спротивно „однадвор“, не како проста и мртва негова разлика, туку како негова жива спротивна страна, појава, особеност, суштина, итн., којашто и го обусловува.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Местото над оган на билото товарит (добиток) — што се товари, за разлика од пашитиот што не се товари топраклија — тврд, вистински стопан, газда треска — јаде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почна скоро и да не прави разлика меѓу Толето и Крча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мудурот не правеше разлика меѓу нив, кој зошто е затворен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Музиката и желбата за забава ги бришеа овде бргу разликите меѓу луѓето дојдени од сите страни на светот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа се разлики во ткаеницата на мислата. Змејко многу добро го знаеше тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да има разлика само од неколку прста растојание од она место, каде што имаше погодено тој во телото на огромниот див ѕвер, до местото каде што било потребно да се погоди; можеше да се види дека тој бил сосема блиску до тоа место, уште со првиот истрел, иако не изнајде ништо особено за другите два истрела.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ние сакаме слободна Македонија, братска заедница за сите луѓе во Македонија, држава без цареви, кралеви, аги и бегови, во која ќе бидат рамни сите луѓе, без разлика на вера и народност.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но таа разлика можеше да се забележи само напролет, кога цветаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Откако уште првиот пат, сето јаделиште што го донесоа го разделија, најправедно што можеа без да прават разлика помеѓу војник и офицер, додека седеа стуткани еден до друг во окопот на земја, им се приближи она едно Илија од Русе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во устата, за разлика од Челебиовиот килибар, држеше голем чибук од истиот материјал од кој беше и бастунот и ја чуреше запнатата на него цигара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но Толе и другарите убаво си повечераа оваа вечер под покрив, за разлика од другите вечери, кога вечераа под ведро небо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Читајќи ги тие книги, дознаваше дека, всушност, не постои никаква граница меѓу животот и смртта: сеедно е дали овој живот овде го живееш или оној другиот горе: никаква разлика во тоа нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Можеби поради неколкуте соби и, воопшто, големиот простор, за разлика од оној во шаторот, сѐ повеќе го чувствував отсуството на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Може да се помисли дека тоа не се битни разлики, но од друга страна… од друга страна традицијата и културата се светски и општочовечки придобивки.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе