разградува несв.
разградување ср.

разградува (несв.)

А ти ако сакаш да разградуваш излегувај надвор и не се враќај. Изрод еден.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Целата те разградува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога на патот на органската еволуција стана очигледно дека мутацискиот процес неизбежно ги разградува физичките и невролошките врски што ги поврзуваат припадниците на една генерација со минатото и неизбежно ги насочуваат да преземат посебна и рамноправна позиција меѓу другите видови на Земјата, со која Законите на Природата и Природниот Бог ги дарува, сериозната загриженост за хармонијата на видовите бара да се утврдат причините за мутацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој традиционален идеал на смислата Дерида го разградува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Да се разградува, за повторно да се гради!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
При последната средба дури и ми довикна: Попусто се прашуваш во една твоја надраска (а таква надраска не постои): колку ли бил тежок мојот сизифовски напор в туѓина, бидејќи секој ден сум го разградувал она што таму, кај вас со години сум го градел!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)