пруса несв.

пруса (несв.)

Јас газам наситно, речиси прусам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги потфрламе нозете, ќе си ги втасуваме, ќе одбираме и ќе прусаме, како потполошки во стрниште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Хрушчов го подигнува малото шеширче, ја открива ќелавата глава и пруса, ги ситни чекорите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пајтончето прусаше по патот, потсвирнуваше со гумите на свиоците и поткашлуваше со моторот на угорниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Молат машките гласови: Не прусај, прусај Пред мене мори лепа, Не ми го гори срцето!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)